Home

Здраво, Живо и Добро ни дојдовте

МаМаОргана е блог на кој преку совети, идеи и направи сам проекти ќе се обидеме да Ви ја вратиме страста кон природниот начин на живот.

Со секој пост, заеднички ќе се трудиме да научиме што е можно поприродни начини за функционирање во сите аспекти од живеењето.

Темите кои што ќе ги обработуваме ќе опфаќаат:

  • исфрлање на хемијата од нашите животи,преку упатства за правење на природни средства за чистење и за лична хигиена;
  • совети од алтернативната медицина, билни чаеви и лекови од природата и есенцијални масла;
  • вежби за умот и телото;
  • природни диети,детоксификација и совети за исхраната , како и направи сам проекти и совети за производство на сопствена храна;
  • совети за будење на еко свеста и намалување на отпадот;
  • идеи за рециклирање и ре-употреба на се што е можно, со цел намалување на потребата од купување и намалување на трошоците за живот.

Теми кои што општо го покриваат „одржливиот“ начин на живот и пермакултурата, поими кои што се веќе објаснети на блогот и за кои дополнително низ разни проекти, ќе учиме.
Ве охрабруваме да учествувате во дискусиите, за заеднички да се наобразуваме и при тоа си помагаме.

Ајде заедно да допринесеме за подобро утре, во мајчински модификувана околина.

Ве љуби potpis

Leave a comment